Беше љубов на многу од мажите во 80-те, но и денес на 66 години актерката е вистинска убавица (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Кога се појавила на фестивалот во Кан сите гледале само во неа.

Легендарната Изабел Аџани синоќа се појавила на филмскиот фестивал во Кан на премиерата на филмот „Peaceful“, а сите коментирале дека иако има 66 години изгледа нереално.

Кога пред неколку години престижниот магазин „Ла Тајмс“ објавил листа на најубави жени во филмски остварувања, на прво место била Изабел. На нејзината појава никој не станал рамнодушен, а во 80-те години немало маж кој не бил барем малку заљубен во неа.

Меѓутоа, покрај тоа што со убавината го маѓепсала светот, Изабел може да се пофали и со неверојатниот талент – во кариерата дури пет пати ја добила француската награда Цезар, а токму во Кан во 1981 година освоила двојна награда за најдобра женска актерка.

Актерката по успешните улоги се повлекла од јавната сцена и со години не се појавувала јавно, па нејзиното доаѓање на филмскиот фестивал во Кан сите ги изненадило.

Актерката се појавила на премиера на филмот „Peaceful“, а сите воодушевено гледале во неа.

Иако наполнила 66 години, таа изгледа неверојатно. Не крие дека имала неколку естетски корекции, но сè уредила со мера, па не изгледа пластично како поголемиот дел од нејзините колешки.