Бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора

ИЗВОРСкопје24
|

Од утре во Црна Гора ќе биде бесплатен ПЦР тестот за сите туристи на кои им е потребен за враќање во своите матични земји, соопшти црногорското Министерство за здравство.

Министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ претходно изјави дека на трошок на државата ќе им биде обезбедено болничко лекување на сите туристи кои евентуално ќе се разболат од оваа болест за време на нивниот престој во Црна Гора и им биде потребна хоспитализација.

Министерството од денеска ги ублажи мерките кои се воведени поради спречување на ширењето на болеста.

До 20 мај ќе важат нови мерки, со кои се укинува забраната за меѓуградски сообраќај во деновите за викенд и полицискиот час, а терминот за изведување музика во живо во градините на угостителските објекти се поместува за еден час, односно дозволено ќе биде од 19 до 22 часот, објавија локалните медиуми.