Бесплатно патување: Се бараат 4.400 туристи, кои ќе го вратат животот на островот Бали

ИЗВОРСкопје24
|

Индонезискиот остров Бали ќе нагажира 4.400 инфлуенсери за да го заживее туризмот погоден од здравствената криза.

Инфлуенсерите ќе уживаат во бесплатното патување по Бали од октомври до ноември и своите искуства ќе ги објавуваат на социјалните мрежи во рамките на кампањата „Го сакаме Бали“, според соопштението на островскиот Оддел за туризам.

Заразата нанела тежок удар на економијата на Бали, на општествениот и здравствениот сектор, вклучително и на туризмот, наведува управата и додава дека околу 75.000 туристички работници останале без работа.

Целта на компанијата е промоција на „Нова ера на туризмот“ во кои посетителите ќе мора да ги почитуваат здравствените препораки за носење маска, социјална дистанца и редовно миење на рацете, се наведува во соопштението.

Бали при крајот на јули се отвори за туристите од останатите делови на Индонезија, а планот за отворање за странци на 11 септември пропадна поради порастот на новозаразени.