Бетмен и Спајдермен ги посетија пациентите на Детска клиника во Скопје (ФОТО)

loading...

Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, вчера на Клиниката за детски болести во Скопје, организира показна вежба како атракција за сите хоспитализирани деца и случајно затекнати граѓани.

Членовите на тимот беа маскирани во костими на омилените Супер херои од цртаните филмови, и спуштајќи се по јаже им делеа подароци на децата.

Пред влезот на Клиниката за детски болести во Скопје летово бепе отворено детско игралиште. Тоа е изградено од Американската невладината организација ЛинкАкрос, во партнерство со софтверската компанија Армедиа и Клиниката за детски болести.

Со овој проект се продолжува долгогодишната успешна соработка помеѓу ЛинкАкрос и Клиниката за детски болести во Скопје, како што во минатото беше проектот за отварање на педијатриски ургентен центар во болницата, како и воведување на нови методи на одделението за интензивна нега преку размена на искуство со Американски доктори.