Популатната пејачка Наташа Беквалац со причина го носи епитетот „панонска барбика“ бидејќи нејзиниот изглед е навистина беспрекорен.
Наташа во неколку наврати истакна дека е естета, и дека секој сегмент од нејзиното тело и е подеднакво важен, а со последните фотографии кои ги објави на својот Инстаграм профил докажа дека тоа навистина е така.
Пејачката им открила на своите следбеници дека понеделник наутро го поминува во теретана, а покажала и како изгледа нејзиното лице без трошка шминка.
Иако на фотографијата не изгледаше претерано среќна за утрото со опрема за вежбање, веруваме дека физичката активност ќе и угоди и ќе и помогне да го одржи беспрекорниот изглед, пишува Грандонлајн.