Сите знаеме колку се небезбедни и потенцијално штетни необезбедените отворени лифтови, особено за нашите најмлади кои без многу размислување би можеле да стапнат и да пропаднат. Тие не се штетни само за децата, бидејќи и секој возрасен човек дококу не е обележано дека лифтот не е во функција многу лесно би пробал да влезе во него.
На социјалната мрежа Твитер, неколку корисници објавија фотографии кои сведочат голема неодговорност од страна на надлежните на катната гаража „Кресненско востание“.
Катна гаража Кресненско востание. Отворен лифт без никакво предупредување. Дали сте нормални и дали размислувате до какви последици може да дојде. Срамота pic.twitter.com/3QsDCMm9uV
— Хронично Ненаспиена (@nenaspiena) January 13, 2021
Имено, се работи за лифт во еден од ходниците на гаражата, кој е целосно отворен и небезбеден за граѓаните, а притоа нема никаква ознака за предупредување.
За среќа, и покрај овој пропуст, до овој момент не дошло до поголема несреќа.