Без печење и од само четири состојки: Направете фантастична чоколадна торта

ИЗВОРСкопје24
|

Овој десерт ќе ве воодушеви со својата едноставност и фантастичен вкус.

СОСТОЈКИ: 350 гр бисквити со какао, 360 мл слатка павлака, 90 гр слатка павлака (одвоено), 45 гр путер, растопен, 350 гр темно чоколадо, искршено на коцки, свежи малини или боровници за украсување.


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Бисквитите сомелете ги во блендер, додајте растопен путер и притиснете ја смесата на дно на сад, така што ќе формирате кора. Слатаката павлака разматете ја со миксер додека не добиете цврст снег. Шест лажици слатка павлака загрејте на пареа, па додајте искршено чоколадо, мешајќи цело време, додека не се растопи, а потоа полека додајте го растопеното чоколадо во слатката павлака, мешајќи додека убаво не се соедини. Ставете го кремот во калапот со кора, и оставете во фрижидер да се излади, 4 до 6 часа.


Уживајте!