Без струја денес повеќе скопски општини

ИЗВОРСкопје24
|

Без електрична енергија денес ќе останат корисниците од дел од општините Сарај, Студеничани, Арачиново, Гази Баба и Карпош.

Од РЦУК – Скопје информираат дека од 7.55 до 10.55 часот, без струја ќе бидат корисниците од селото Брњарци, корисниците од левата страна на Арачиновски Пат, објектите околу ЗИК Краварство, АРС Комерц – пат за Арачиново, каменолом Арачиново и објектот на бензинската пумпа Давос на влезот во село Арачиново.

Од 8.45 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од селото Глумово, лоцирани во околината на училиштето.

Во периодот од 9 до 12 часот, дел од корисниците од викенд населбата Маркова Сушица, а од 11 до 15 часот, дел од корисниците од улицата „Дамаска“.

Во периодот од 12.30 до 15.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од селата Чајлане и Семениште.