Без струја и вода повеќе делови од Скопје наредниве дена

ИЗВОРСкопје24
|

аради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:

на ден 02.12.2020 година (среда), од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Тетовска бр. 38. (Општина Центар), од 09:00 до 15:00 часот, ул. Пролет 8 и ул. Мирче Ацев згради со бр. 1, 3, 5 и 7. (Општина Центар), од 11:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Тодор Чангов, поточно крак бр. 20, (Општина Аеродром)

на ден 03.12.2020 година ( четврток ), од 08:00 до 09:00 часот, корисниците од ул. Гоце Стојчевски зграда бр. 5 и Ул. Лазо Москов зграда бр. 2. (Општина Бутел), од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од бул. Босна и Херцеговина во близина на Железничка Станица Север. (Општина Бутел), од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. Румена Хаџипанзова. (Општина Кисела Вода), од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Волково, (во близина на спортското игралиште). (Општина Ѓорче Петров) и од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Иван Козаров од бр.2 до 22 и од бр.33 до 51. (Општина Кисела Вода) од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Михаил Чаков бр. 3. (Општина Кисела Вода).

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека утре, 02.12.2020 година без вода ќе останат:

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на ул. Роза Луксембург 21, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Роза Луксембург како и делови од улиците: Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Христо Смирненски, од Митрополит Теодосиј Гологанов, Костурски Херои, Борка Талевски и Диме Аницин. (Општина Центар)

Поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. 1632 бр. 32 (кај Кванташки пазар), од 09:00 часот до завршување со активностите прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица (Општина Гази Баба).