Без струја и вода утре повеќе населби во Скопје

|

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 28.10.2021 година (четврток)   без електрична енергија ќе останат следните корисници:

-од 08:30 до 10:30 часот,   корисниците од дел од улиците: Добромир Хрс и Лазар Димитров.(Општина Кисела Вода)

-од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од  дел  од ул. Зеленгора. (Општина Кисела Вода)

-од 08:30 до 12:30 часот,  објектите на бул. Гоце Делчев во близина на Бензиската пумпа – Макпетрол спроти поранешниот Саем, како и околните објекти на кејот Димитар Влахов до зградата на МРТВ. (Општина Центар)

-од 09:00 до 12:00 часот,   корисниците од  дел од  ул. Драчевска и ул. Студеничанска во с. Драчево,  (Општина Кисела Вода), и  во истиот термин од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. 60  во с. Волково.  (Општина Ѓорче Петров)

-од 11:00 до 13:00 часот,   корисниците од дел од с. Студеничани, (од џамијата кон училиштето). (Општина Студеничани)

Без вода пак, утре од 9 часот ќе бидат корисниците од раскрсницата „Орце Николов“, на потегот од улиците „Ѓорѓи Пулевски“ до „Костурски Херои“, дел од улиците „Дане Крапчев“ и „Дебарца“, како и цела „Славка Недиќ“ во скопско Дебар Маало.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека причината за прекинот е промена на водоводен затворач Ф80 милиметри на раскрсницата на „Орце Николов“ со „Дане Крапчев“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работите.