Без струја или вода поголем дел од скопските населби

ИЗВОРСкопје24
|

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат:

Од 8.30 до 15 часот корисниците од село Глумово, село Шишево и село Матка во општина Сарај, од 9 до 12 часот корисниците од улицата 10 во село Долно Соње во општина Сопиште, од 9 до 15 часот корисниците од улиците бр. 19 и бр. 25 во село Волково во општина Ѓорче Петров и од 10 до 12 часот корисниците од село Студеничани и село Морани во општина Студеничани.

Поради технички зафат без вода од 9 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат дел од корисниците од булеварот АСНОМ во општина Аеродром.