Без струја утре делови од повеќе скопски општини

loading...

Утре, 8. ноември 2018 година, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, како што известуваат од „ЕВН Македонија“ АД, без електрична енергија ќе останат:

–од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од дел од ул. Димитар Пандилов, поточно објектите од бр. 10 до бр.33. (Општина Центар ).

-од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Семениште и село Чајлане (Општина Сарај ).

-од 06:00 до 08:00 часот, корисниците од дел од с.Сарај, Љубин, Глумово, Шишево, Матка, Викендици Матка, с.Ласкарци, Паничари, Кондово, Радуша, Дворце, Семениште, Чајлане, с.Долно и Горно Свиларе, Рашче, Копаница, Бојане, Арнакија, Буковиќ, Раовиќ, с.Грчец, Чичино село, Кучково, Викендици Кучково, Грачани, Веле поле ( Општина Сарај и Ѓорче Петров ).

-од 08:15 до 12:30 часот, корисниците од ул. Коста Ристовски, ул. Хо Ши Мин и ул. Софре Марковски (општина Бутел ).

-од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Батинци ул. 4, 6 и 7. (Општина Студеничани ).