Без струја утре неколку делови на Скопје

|

Од Регионалниот центар за управување со кризи денеска информираа дека дел од корисниците во општините Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром во понеделник ќе имаат прекин на електричната енергија.

Во периодот од 08:55 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од ул. Јуриј Гагарин од број 65 до број 81 (непарни броеви) и ул.Јуриј Гагарин од број 4 до број 18 (парни броеви), како и булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ зграда бр.149 .

Од 08:45 до 11 часот прекин ќе имаат корисниците на дел од ул. Борис Сарафов околу школото во општина Ѓорче Петров, додека од 08:30 до 12 часот, корисниците на дел од патот за Долно Лисиче во општина Аеродром.