Без струја утре половина Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Без електрична енергија утре во периодот од 08:15 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Атанас Бабата“, „Самарџиска“, „Кујунџиска“, „Ковачка“ и „Јосиф Михајлов“, како и објектите на Музеј на Македонија и Куршумли Ан, во општина Чаир.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, во периодот од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улица „Тодор Чангов“ – подулици од бр.35 до бр.45, како и подулиците во близина на подулица 100, во општина Аеродром.

Без струја во периодот од 08:45 до 10:30 часот, ќе бидат корисниците од улиците „Трајко Иванов“, „Добромир Хрс“ од бр.23 до бр.39, „Петар Драпшин“ – на потегот од „Трајко Иванов“ до „Спиро Гулапчев“, „Лазар Димитров“ од бр.21 до бр.31, „Лав Толстој“, „Ефтим Спространов“ од бр.27 до бр.50, објектите во трговскиот центар и урбаната заедница на улица „Петар Драпшин“, во општина Кисела Вода.

Во периодот од 11:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Битолска“, како и објектите лоцирани во близина на Веро Џамбо, во општина Центар.