Без струја утре повеќе реони низ Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Без струја утре ќе бидат повеќе скопски општини, меѓу кои Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Сарај и Центар, информираат од РЦУК Скопје.

Во Ѓорче Петров, дел од корисниците на улица 20 ќе бидат без струја од 9 до 15 часот, додека, во Бутел, корисниците од улица 8 Љуботенски Пат, во близина на последна автобуска постојка за автобусот број 8, од 9 до 14 часот.

Во периодот од 9:15 до 12:45 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улици 1, 3 и 5, во село Јурумлери во Гази Баба, а во периодот од 9 до 14, корисниците од Драчево – дел од улицата „Јустинијан Први“ (ул. Драчевска) во Кисела Вода.

Во Сарај, без струја утре ќе бидат корисниците од селата Матка, Шишево и Глумово, од 8:30 до 15 часот, а во Центар од 8:30 до 15:30 часот корисниците од дел од улицата „Дане Крапчев“.