БЕЗВРЕМЕНСКИОТ ЖЕЉКО БЕБЕК ВО ЖИВО ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА СО ДУРИ ДВА КОНЦЕРТИ

ИЗВОРСкопје24
|

Безвременскиот Жељко Бебек доаѓа во Скопје со два концерти во Македонска филхармонија на 28 и 29 март! По тој повод „Авалон“ и се обратија на јавноста.

-Ова што го работиме од првиот ден, било, во моментов е и ќе биде задоволство пред сè… до последниот ден!

Па така, задоволството денес е големо бидејќи легендарниот Жељко Бебек со неговиот бенд ќе ни овозможи во навистина раритетниот простор на Македонската филхармонија, конечно да ги слушнеме во живо безвременските хитови од „Sanjao sam noćas da te nemam”, „Sve će to o mila moja prekriti ruzmarin snjegovi i šaš”, „Selma”, „Ima neka tajna veza”, „Doživjeti stotu”…, потоа „Oprosti mi što te volim”, „Laku noć, svirači”…, па сѐ до актуелните песни од последниот албум на Бебек “Ono nesto nase” како “Ako volis ovu zenu”, “Ljubav ko iz pjesme” и други, со кој ги наполни буквално сите концертни сали во регионов.

Да бидеме искрени, во најголемата група на Балканот на сите времиња „Бијело Дугме”, поминаа уште двајца пејачи, ама покрај Горан Бреговиќ, посебен белег на бендот со дури шест албуми даде токму Жељко Бебек, неприкосновен вокал, којшто ги отпеа најголемите песни на бендот, а и после “Бијело Дугме” успеа да направи многу респектабилна соло кариера.

Во Македонската филхармонија, сѐ ова ќе биде споено во едно.

Иако делува неверојатно за толку голем пејач, ова е прв пат во неговата кариера Жељко Бебек заедно со неговиот бенд да настапи соло во Скопје.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре наутро во 9 часот, во Avalon music & ticket store, продажните места во мрежата на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории: CLASSIC SEATS – 1.500 денари и VIP – 1.990 денари. Се очекува брз sold out!

Бидете дел од овој уникатен концерт!