Биба Додева: Ја загубив љубовта на мојот живот

ИЗВОРСкопје24
|

За песната „Како некогаш“, со која што Биба Додева победи на поп-вечерта на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“, пејачката вели дека е автобиографска и во неа пее за љубовта на својот живот која што ја загубила.

На музиката и на аранжманот на моќната балада на Владимир Дојчиновски- Дојчин совршено легна приказната на текстот која ја напиша поетесата Ана Бунтеска.

Песната е автобиографска, и на Ана, и моја и на сите оние кои што изгубиле некого. Инаку, Ана ја познавам од многу одамна. Јас сум еден од оние нејзини фанови, и го почитувам нејзиниот збор, нејзините песни сето она што таа го прави, вели Биба зад сцената на „Охрид фест“ за Женски магазин.

Уште во периодот кога ја загубив мајка ми, ѝ реков на Ана дека ако решам албум да правам, сакам таа да ми ги пишува текстовите…