Бидете дел од најдобрата латино забава во Скопје за „Денот на вљубените“

ИЗВОРСкопје24
|

Ни се наближува 14 февруари, Денот на вљубените, а воедно по православниот календар и празникот Св. Трифун, празникот на доброто вино. Додека едни се подготвуваат и размислуваат што да им подарат на своите најсакани за Валентин, другиот дел од Скопјани се подготвуваат за најдобрата сензуална латино забава, исполнета со многу љубовни ноти и танцови чекори.

„Сакам да Танцувам!“ во организација на Latino.mk, по четврти пат се организира во Скопје и како и секогаш истата ќе се одржи во добро познатиот угостителскиот објект Umbrella (ГТЦ приземје), точно на 14 февруари – петок. Некој слави Валентин, некој слави Трифун, но на оваа забава можете да ги славите и двете во исто време.

Танцувај и вкуси го виното додека оди “Calma” во позадина. Feel the love and romance in the air додека ја слушаш “I Can Be Your Hero Baby…” од Enrique. И моментот пред да се откажеш од љубовта и почнеш да се депримираш дека ќе бидеш „forever alone“, почнува Despacito.

Latino.mk забавите се познати по “нема дрва” правилото. Ова не е забава каде што ќе седиш и сите околу тебе стојат и никој не мрда. Овде доаѓаат и луѓе што немаат познавање од танцот (ама сакаат да мрдаат и да си поминат супер), и луѓе што играат реакреативно неколку години или месеци. Со една реченица: Ќе биде разиграно!

Исто така има и танцов подиум/бина на кој ќе можеш да играш на salsa/bachata/reggaeton/cha-cha/kizomba ремикси од најпопуларните песни од Maluma, J Balvin, Ricky Martin, Becky G, Enrique Iglesias, J Lo, Ozuna, Gente de Zona и многу други.

За посетеноста не се грижете, како и секогаш се бара место повеќе, ваше е само да го соберете друштвото и да сакате да танцувате. Вашето присуство можете да го пријавите ТУКА.