БИЛЕ РЕТКИ И МНОГУ ВРЕДНИ: Пронајден византиски крст стар 1000 години

|

Експерти од институтот за археологија при Руската академија за науки пронајдоа византски кpст стар скоро 1000 години.

Kpстот бил пронајден во Новгород, улицата Лукина, во историскиот центар на градот, помеѓу предмети од 12 век. Се претпоставува дека е изработен од бронза, но не е познато како и зошто се нашол овде и на кого му припаѓал.

Во времето на Киевска Русија овие крстови имале голема вредност, бидејќи биле многу ретки и се сметале за вистинска скапоценост. Сопственикот својот кpст постојано го носел на градите како амaјлија.

Научниците се надеваат дека ќе успеат да го откријат потеклото на кpcтот и ќе најдат и други предмети бидејќи се претпоставува дека има остатоци од мошти на светци.

Во Русија пронајдена најстарата црква во светот: Изградена е 300 години по Христос, но никој не знае за што се користела

Архелозите се на добар пат да ја откријат една од најстарите цркви во светот. Таа се наоѓа во руската провинција Дагестан. Моментално се работи на радиографија за скенирање на структурата длабока 12 метри која е сместена кај тврдината Нарвин-Кала.

Скенирањето треба да помогне да се одреди 3Д конфигурацијата на структурата и да се види вистинската функција на објектот, дали тоа бил резервоар, христијански храм или пак заратустиски храм на огнот.

Новото истражување покажа дека мистериозната градба која се наоѓа под земја би можела да биде една од најстарите христијански цркви во светот и најстариот христијански храм во оваа земја.

Истражувањето го спроведоа руските истражувачи од Националниот универзитет за наука и технологија во соработка со Државниот универзитет во Дагестан, со Институтот за физика Лебедев, со Руската академија за наука и со Универзитетот за нуклеарна физика од Москва.