БИОМЕТЕО НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: ВРЕМЕТО НЕПОВОЛНО ЌЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ ГРАЃАНИТЕ

loading...

И покрај претежно стабилното, суво и сончево време со умерена локална облачност (повремено) сепак биометеоролошките услови и понатаму ќе бидат релативно неповолни.

Токму ова е поради големата разлика на минималните и на максималните температури на воздухот кој во следните денови минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени додека маскималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени додека овој викенд во југоисточните предели истите ќе се искачат дури до околу 35 степени.

Сето ова го прави времето неповолно да влијае кај граѓаните па така во следниот период поголем дел од граѓаните и тоа особено метеопатите ќе почувствуваат потешкоти како на пример тежина на главата и на телото како и повремена нервоза а можна е и поспаност.

Според моменталните анализи со кој располагме и во текот на следната недела ќе продолжи периодот на стабилно и суво време.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Доколку поради ваквите неповолни биометеоролошки услви почувствувате главоболка направете си домашен моќен лек со оригано кој ќе ви ја олесни главоболка и мигрена.

Ви требаат 100 грама суви листови оригано и 0,5 литри маслиново масло.

Се мешаат двете состојки и се оставаат на топло место до 40 дена. Повремено се протресуваат. Се процедува потоа, па се става на суво место.

Кога имате главоболка масирајте ја главата со ова масло.

Прочитајте ги придобивките од употребата на маслото од оригано.

Маслото од оригано го смирува стомакот
Благодарение на антимикробната активност во маслото од оригано, тоа може да ви помогне да се изборите против појавата на некои од главните причини за раздразнетиот стомак – варењето на храната, ингестија на алергени и токсини и бактериски инфекции.

Го подобрува вашиот имунолошки систем


Додавањето на масло од оригано во вашата секојдневна рутина, е одличен начин за подобрување на вашиот имунолошки систем. Неговите состојки помагаат во борбата против непријатните организми кои му наштетуваат на вашето тело.

Ги елиминира интестиналните црви
Интестиналните црви се ретка појава кај луѓето, а многу почеста кај кучињата. Маслото од оригано може да ви биде од голема помош, без разлика дали се работи за вашето милениче или за вас. Во случај на интестинални црви кај луѓето, се препорачува да се додадат неколку капки масло од оригано во шолја чај од ѓумбир. За да биде поприфатливо и повкусно за деца, може да ставите неколку капки од маслото во чаша сок од лимон.

Маслото од оригано може да ве орасположи


Понекогаш, хемиските процеси во нашето тело се неизбалансирани и е потребно повеќе време и напор за да ги вративме во нормала. Користењето на масло од оригано може да помогне, бидејќи е богато со специјални соединенија, како што се тимол и карвакрол. И двете соединенија може да имаат позитивно влијание врз нашиот ум и нервниот систем.

Ги смирува алергиите
Благодарение на неговите антиалергични својства, маслото од оригано може да ги смири симптомите на разните алергии.

Помага при проблеми со респираторниот систем
Постојат многу природни лекови за проблемите со респираторниот систем. Маслото од оригано е еден од најпопуларните, како и еден од најмоќните. Маслото од оригано се бори против грипот, го напаѓа и го уништува. На истиот начин делува и врз респираторните инфекции.

Помага за подобра дигестија


Доброто здравје започнува со добрата исхрана. Тоа значи со здравата исхрана ќе имате и здрави црева. Лошата исхрана доведува до многубројни бактерии, кои лесно можат да предизвикаат зголемување на телесната тежина, заморот, влошување на состојбата на кожата и друго. Постојат многу начини за чистење на вашиот гастроинтестинален тракт, а маслото од оригано е исто така еден од нив.

Маслото од оригано може да ги намали менструалните болки
Ментруалните болки честопати предизвикуваат непријатни и болни чувства. За среќа, постојат начини за ублажување на ментруалните болки, а маслото од оригано е еден од нив. Тоа го поттикнува протокот на крв и не предизвикува никакви проблеми кај бремените жени.

Ориганото има антигабични својства


Габите можат да предизвикаат инфекции во увото, грлото и носот, кои може да претставуваат потенцијална опасност по животот. Маслото од оригано има антигабични својства и може да ги спречи ваквите инфекции уште пред да започнат.

Го намалува ризикот од хронични заболувања
На хроничните болести им се потребни години за да се развијат, а откако ќе се развијат во нашето тело, тие не заминуваат за брзо време. Маслото од оригано не може да ги спречи ваквите болести, но може да го намали ризикот од нивната појава. За подобар и поздрав живот, секојдневно додавајте го маслото од оригано во топлите пијалаци.