Битолчанецот Драган за 20 денари го најде лекот за добивање на кислородна поддршка во истовреме кај повеќе пациенти

ИЗВОРСкопје24
|

Битолчанецот Драган Мицков 14 дена поминал на Инфективното одделение и успеа да ја победи болеста. Но,она што го видел во болницата е дека во собите има хоспитализирани пациенти на кои им е потребна кислородна поддршка. Со оглед на тоа што снабдувањето на дополнителен приклучок за кислород е навистина голем проблем за медицинските лица, бидејќи на една боца може да бидат приклучени максимум два пациенти.

„Знаев дека најголем проблем за медицинските лица и за пациентите по болниците низ цела Македонија е снабдувањето со кислородна поддршка. Кога бев хоспитализиран на Инфективното во Битола, деноноќно гледав како сестрите растрчани бараа места за пациентите на кои им требаше кислород, а беше проблем да се најде слободен приклучок. Во соба се инсталирани по два кислородни приклучоци, а има по три или четири пациенти. Замислете да имаат потреба од кислород тројца пациенти, а двата приклучоци се веќе зафатени“, вели Мицков за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Драган Мицков, со едноставно решение ставајќи Т-спојкa која чини само 20 денари на регулатор за кислород овозможи еден уред за кислородна поддршка истовремено да можат да го користат два пациенти во Ковид-центрот при Битолската болница. На овој начин, се обезбеди кислород за сите хоспитализирани пациенти кои имаат потреба од тоа.

Само што беше отпуштен од болница, два дена подоцна на истото одделение од истата болест беше хоспитализиран неговиот чичко. Тој, имаше потреба од кислородна поддршка, а беше во соба каде веќе другите двајца пациенти ги користеа двата постоечки приклучоци за кислород. Мицков испаничен ја прошетал цела Битола за да најде боца со кислород, но без успех. Тогаш се сетил како на едноставен начин да се обезбеди кислород за што повеќе пациенти.

„Ова решение е, што би се рекло, за без пари или доста евтино, а значи спас на човечки живот. Се сетив да купам спојка која чини само 20 денари, а ја има во сите дуќани за автоделови и да се направи бајпас од еден регулатор да можат да дишат двајца пациенти. Дополнително, купив и антибактериско црево и силиконска маса, сеʹ вкупно 500 денари. Му ги однесов на чичко ми и тој го направи бајпасот. Другиот ден, кога ги посети медицинско лице, чичкото мислел дека му вика, но му било кажено ‘добро е што се сетивте, ова спасува живот’“, кажува Мицков.

Остатокот од текстот прочитајте го на СДК.мк