Фолк пејачката Благица Павловска, иако одамна не излегла во јавноста или на некој фестивал си нов материјал, сепак на секое појавување во јавноста го привлекува вниманието кон себе. Препознатлива по својот глас и стас, Благица никој не може да ја заборави, а деновиве имаше прекрасен повод за славење па ги собра дел од колегите.
Имено, минатата недела пејачката славеше роденден и наполни 63 години. Благица на социјалните мрежи сподели фотографии од роденденската атмосфера и се пофали со подароците што ги добила.
Повеќето од нив беа торти покриени со икони. Пет од роденденските торти на пејачката беа украсени со ликовите на дел од христијанските светци, Бог и Пресвета Богородица, а шестата торта беше украсена со виолетови рози и фотографија од пејачката. На една од тортите исто така пишува Бог е љубов.
Меѓу гостите на прославата за нејзиниот роденден, беше и нејзината добра пријателка, водителката Лила Филиповска која всушност преку видео на социјалната мрежа Инстаграм покажа како изгледаше пејачката и нејзините прекрасни торти.
Инаку, Благица Павловска своевремено беше Хаџипавловска, но подоцна го врати презимето во Павловска. Пејачката често говори за нејзината верба во Бога, па ваквиот гест од страна на пријателите воопшто не е за чудење.