Блам на денот: Србите бесни, Вучиќ ги тера децата да учат арапски броеви (ВИДЕО)

|

На социјалните мрежи кружи видео од анкета на која граѓаните на Србија одговараат на прашањето „Како ја коментирате одлуката на Александар Вучиќ децата да учат арапски броеви поради Сиријците“?

Анкетата е спроведена минатата година, а видеото деновиве стана вирално.

„Ужас, жими сè! Тоа е навистина непотребно“, и „нашите деца се веќе преоптеретени со многу глупости, уште арапски броеви им фалат“, се дел од коментарите.

Тажното е тоа што луѓето всушност не знаат кои арапски броеви (0,1,2,3,4,5,6,7,8,9), а едниот од коментарите е дека порано не сме ги учеле арапските броеви на училиште.

Погледнете го видеото во продолжение: