БЛУЗ И СОУЛ ФЕСТИВАЛ 2019 – ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ЛЕОН ХЕНДРИКС, БРАТОТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏИМИ ХЕНДРИКС

ИЗВОРСкопје24
|

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје го најавува најновото издание на „Блуз и Соул Фестивалот“ што ќе се одржи на 12 и 13 септември 2019 година во „Станица 26“.

ПРОГРАМА : 12 септември почеток 21:00 часот
-“Zippy Nappers” (GRC)
– “Leon Hendrix & Fulvio Feliciano Band IN NAME OF JIMI” (ITA/USA)
13 септември почеток 21:00 часот
– “Török Fehér Duó ” (HUN)
– “The Mole Pack” (MKD)

Билети во продажба онлајн на https://www.karti.com.mk/ и билетарата на Станица 26 пред концерт. Фестивалот е поддржан од Град Скопје, Министерство за култура и Унгарската Aмбасада во Скопје.

* * * * * * *
БРАТОТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏИМИ ХЕНДРИКС, ЛЕОН, ЗА ПРВПАТ ВО
СКОПЈЕ И НА БАЛКАНОТ

“Leon Hendrix & Fulvio Feliciano Band“(ITA/USA)
Leon Hendrix – гитара, Fulvio Feliciano – гитара, Marco D’Angelo – бас и Luca Mariani – тапани.

Фулвио Феличиано е еден од најпочитуваните блуз и рок гитаристи во Италија и од сите проекти, неговиот проект посветен на музиката на Џими Хендрикс е особено популарна кај љубителите на музиката.

Покрај неговиот сопствен материјал и класични блуз песни, неговиот сет вклучува и неколку од најдобро познатите песни на Џими Хендрикс, кои се одлично прифатени од фановите низ Европа.

Репертоарот кој Феличиано може да го понуди на неговите настапи во живо е огромен и вклучува 40 песни кои ја опфаќаат дискографијата на Хендрикс, со цел да ја вратат, односно повторно да ја креираат таа атмосфера, тој звук, нудејќи психоделично шоу длабоко вкоренато во блузот и фанкот, кои ја карактеризираат музиката на Џими, оставајќи простор за инстинкт и импровизација.

Фулвио Феличиано вокал и гитара придружен од неговиот бенд, Марко Д’Анџело на бас и вокал, и Лука Мартини тапани и вокал, двајца експерти во областа на хендриксовата музика.

Фулвио има свирено на сцени низ Европа и е на третата турнеја заедно со Леон Хендрикс (братот на Џими). Во 2011г. ја претставуваше Италија на Интернационалниот Фестивал Џими Хендрикс во Виена. Како значајна, може да се издвои соработката со Натаниел Петерсон во бендот „Twin Dragons“ која траеше 9 години и преку која тој свиреше рамо до рамо со два одлични тапанари, првиот Мајк Терана (Yngwie Malmsteen) и после Џон Макалусо (Sinphony x). Последното
извонредно искуство со „Twin Dragons“ беше турнеја со италијанската рок ѕвезда Пино Ското, со кого има снимено две песни и видео запис.

Има учествувано на настапи и фестивали посветени на Хендрикс, самостојно, но и како дел од бенд со Ули Џон Рот (Scorpions) и Греам Оливер (Saxon) и Стен Скиби (Billy Cox).. Беше во улога на музичар на сесија на големиот Вини Мур (UFO) за турнејата Solo World Tour 2011, со Ки Марсело (Европа) во 2009г.

Стотици соработки со уметници како Eric Martin (Mr.Big), TmStevens (James Brown), Cheryl Nikerson (Ray Charles), Andrea Braido (Vasco Rossi), Eric Daniel (Zucchero, Joe Coker), Mike Applebaum (Moricone, Joe Coker), Rick Latham (BBKing, Edgar Winter), Mario Schillirò (Zucchero), Vince Pastano and Stef Burns (Vasco) итн…

Eric Martin (Mr.Big), TmStevens (James Brown), Cheryl Nikerson (Ray Charles), Andrea Braido (Vasco Rossi), Eric Daniel (Zucchero, Joe Coker), Mike Applebaum (Moricone, Joe Coker), Rick Latham (BBKing, Edgar Winter), Mario Schillirò (Zucchero), Vince Pastano and Stef Burns (Vasco) .. etc ..

Леон Хендрикс е братот на покојниот гениј од Сиетл, икона на американскиот рок, Џими Хендрикс. Тој е уметник, текстописец и гитарист кој започна да се занимава со музиката малку подоцна во животот. Има издадено неколку албуми. Најдобро е познат по неговите оригинални илустрации. Во 2012г. ја издаде во печат својата
книга насловена „A Brother’s Story“.

Моментално е на турнеја под наслов “Fulvio Feliçiano Band In Name Of Jimi”, за да ја свири музиката и да го пренесе искуството од животот покрај неговиот брат Џими.
* * * * * *

“Zippy Nappers” (GRC)
Alexandra Gkountoulia – вокал, Charis Grigoriadis – бас, Spyros Misokefalos – гитара и Alex Apostolakis – тапани.

“Zippy Nappers” е група која постои неколку години наназад под водството на Спирос Мисокефалос. Во својот репертоар негуваат претежно американски блуз – рок. На нивните настапи најчесто изведуваат композиции од различни блуз уметници, како кралот на ББ Кинг, Ета Џејмс, СРВ, итн. Инспирирани од овие легендарни блуз музичари свират и сопствени, авторски композиции. Нивните
концерти и настапи се особено прифатени од публиката заради нивната енергија, моќ и акција.

* * * * *
“Török Fehér Duó ”
Ádám Török – флејта и Ádám Fehér – гитара. Целата приказна започна во ноември, 2015 година кога Адам Терек  го покани младиот Ади да му се придружи да свири со него и „The Mini“ на концертот во
легендарниот Bem Rockpart.

Младиот гитарист само што го прослави својот 10-ти роденден неколку недели претходно, па затоа тоа претставуваше прекрасен и храбар гест од страна на постарата рок икона. Од тој момент, тие имаат свирено заедно на повеќе од 50 концерти (до крајот на 2018 г.) Малиот гитарист стана голем фан на Адам Терек  и почна сам да учи како да ги свири познатите класици на The Mini.

За него претставуваше огромна чест кога Адам Терек го избра да биде гитарист на The Mini во летото, 2018 г. Адам Терек секогаш бил голем поборник на младите и талентираните музичари.

Откако успешно соработуваше со младиот Ади како музички гостин во текот на годините, тој реши да оформи дуо со него. The Török Fehér Duo претставуваше пријатно изненадување и постигна голем успех во Унгарија и на меѓународен план.

Нивната музика е заснована на рок и блуз, при што ги интерпретираат на нивен оригинален начин класичните рок и блуз мелодии, како и одредени балади на The Mini.

Адам Терек не само што е мајстор на блузот и рокот, туку е исто така мајстор да создаде неверојатна атмосфера на сцената од моментот кога ќе стапне на неа..

Адам Терек е светски познат флејтист, пејач, композитор, продуцент, како и основач на легендарниот рок и блуз бенд „The Mini”.  На сцената е присутен од крајот на 1960-тите, при што се смета за таткото на прогресивниот рок во Унгарија.

Тој  е познат по својот уникатен рок, блуз и џез стил, извонредниот глас и мајсторството на флејтата, како и неговата позитивна личност и чувство за хумор.

Во текот на неговата кариера која трае 50 години има настапувано на околу 10 илјади концерти во Унгарија и ширум светот. Има снимено над 30 албуми кои се продадени во милионски тираж, при што неколку од нив се дел од музичката историја и се вистинско богатство за музичките колекционери.

Во 1990 г., ја претставуваше Централна Европа во Филаделфија со неговиот бенд од Швајцарија, при што свиреше пред речиси половина милион гледачи.

„All about flute” го прогласи за еден од најдобрите рок флејтисти во светот. Адам, или Ади како што сите го нарекуваат, за прв пат се запозна со гитарата на 6-годишна возраст. Тоа беше љубов на прв поглед кон инструментот и блузот.

Основите ги научи од својот татко, а после 8-та година почна да учи од
извонредни учители на гитара: Tibor Stefaics, Tamás Katona Senior и Tamás Józsa.

Од 10-та до 12-та година, како самоук гитарист успеа да ги совлада стиловите на неговите гитарски херои: Стиви Реј Вон, Хендрикс, Алберт Кинг, Б.Б. Кинг, Гери Мур, Клептон.

Како резултат на тоа, на возраст од 11 години го објави неговото прво
CD („Fehér Blues Factory –Taking off”) снимено во соработка со два одлични музичари, басистот Dániel Tarnai и тапанарот Zsolt Szebelédi кои се членови на најславниот унгарски хард рок бенд „P.Mobil”.

Тој често настапува со светски познати музичари како што се Henrik Freischlader, Tommy Katona, Cliff Moore, EB Davis (поранешен член на Drifters), Ben Poole, Little G Wievel, како и со речиси со сите врвни унгарски музичари и групи.

Редовно свири на најголемиот блуз фестивал во Централна Европа –
The Gastroblues. Понатаму, има настапи на историскиот Tabán Festival (пред 15 илјади посетители), Várkert Superconcert, како и во светски познатиот A-Trane Jazz Club во Берлин (каде што редовно свират светски ѕвезди како Херби Хенкок, Маркус Милер и др.), Moyo Club во Сента, на Virovitica RockBluesfest, итн.

Според мислењата на познатите музичари во Хунгарија и странство,  Ади  свири блуз и извонредно знае да импровизира.
* * * * * * *
“The Mole Pack”
Димитар Даневски – ритам и главна гитара, Глигор „Гишо“ Динев – тапани и перкусија, Теодор Бошков – бас гитара, Александар Ѓорѓиески – вокал и усна хармоника, Златко Андријевски – гитара и Влатко Сапламаев – клавијатура.

Во 2008 година, блуз сцената во Скопје беше скоро непостоечка. Имаше многу малку бендови кои свиреа музика со влијанија од блузот. Во тоа време, доста спонтано, мала група на блуз фанови и музичари почнаа меѓусебно да се дружат.

Тие го поминуваа времето зборувајќи за нивните музички херои, споделувајќи ги нивните музчки искуства, како и разменувајќи гитарски lick-ови и техники. Како што поминуваше времето, тие почнаа да џемаат заедно во локални барови и пабови, што на крајот доведе до основање на неколку бендови. Еден од тие бендови е “The Mole Pack”.

Основан од тесно поврзана група на пријатели, “The Mole Pack” е блуз-рок бенд кој има силни влијанија од прогресивната блуз-рок сцена од 1960-тите.

Дополнително влијание има од раната Мисисипи делта сцена и блуз сцената во Чикаго. Името на бендот има доста симболично значење. Кртот е животно кое е скоро слепо. За неговиот недостаток на вид компензира потпирајќи се на своите чувства, инстинкти, и интуиција. Преку аналогија, членовите на бендот мислат дека луѓето треба да се обидат повеќе да се потпираат на своите чувства, т.е. да
го слушаат своето „внатрешно јас” со цел да го збогатат својот дух, како и да ги задоволат своите интереси и желби без страв од неуспех. Членовите на бендот веруваат дека ова може да им помогне на луѓето да излезат од секојдневната рутина на модерниот живот.

Без разлика дали се работи за интерес за музика, филм, било кој вид на уметност, наука, или филозофија – бендот ве тера да „копате” по работите кои ги сакате.

„Дружете се, сакајте се, и слушајте добра музика.” – велат „кртовите.” Бендот го објави својот прв студиски албум “Gambling Man” летото 2018 година, а во мометов работи на вториот авторски албум.