Богдана не сака да плаќа дадилка: Открива во кој има најголема доверба и кој ќе се грижи за бебето

ИЗВОРскопје24
|

Подготовките за новиот член во семејството Ражнатовиќ започнаа. Вељко и Богдана го открија полот на детето, односно открија дека е машко и дека ќе се вика Жељко.

Снаата Богдана ужива во трудничките денови. Членовите од семејството по малку ја размазуваат, но најмногу ја размазува нејзината свекрва Цеца која со нетрпение го очекува првиот внук.

Богдана јавно открива дека најголема поддршка добива од свекрвата и сопругот. Таа не сака да изнајмува дадилки да се грижат за бебето. Најголема доверба има во свекрвата Цеца.

Пејачката Цеца за Богдана веќе ангажирала нутриционисти и готвачи кои ќе се грижат за неа, но Богдана инсистира Цеца да и биде поддршка околу се останато.

Богдана нагласила и дека покрај Цеца, тука се и Лидија и Анастасија, па нема потреба детето да го чуваат дадилки. Покрај Цеца, Лидија и Анастасија, Богдана ќе има помош од својата мајка и двете сестри.