Боки 13 не успеа да даде исказ: Од Обвинителство заврши во ГОБ 8-ми септември (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 не успеа да даде исказ пред обвинителката која го води случајот, Вилма Русковска. Точно на пладне со полиција беше донесен во Обвинителството од затворот во Шутка, но само што влезе, по дваесетина минути дојде Брза помош и на носилки беше однесен во болница.

Неговиот адвокат, Сашо Дуковски рече дека само што стигнал тој во Обвинителството воопшто не се видел со Јовановски, тој веќе повраќал во тоалетот и веќе не бил контактибилен.

„Се случи непријатна сцена, нешто што се случува последните 40-50 дена откако е во притвор. Почна да повраќа и колабираше, не беше контактибилен. Дојде брза помош и однесен е во болница. Обвинителството како и јас не сме лекари, но она што го видовме не беше воопшто пријатно. Секој човек заслужува право на живот, јас мислам дека му треба адекватна медицинска нега, независно што и како сторил. Кривичната постапка е едно, а правото на живот е друго“, рече неговиот адвокат.

Минатата недела Јовановски на јавна седница во Апелација побара да биде пуштен во домашен притвор поради неговото влошено здравје, по двете неуспешни операции на желудникот што ги направил во приватна болница. Неговиот адвокат тврдеше дека Јовановски треба да биде хоспитализиран, бидејќи секојдневно повраќа и практично функционира како да нема желудник. Аплеацискиот суд не го прифати нивниот предлог и одлучи Јовановски да остане во притвор во Шутка.

Откако направија увид во доказите, Јовановски беше повикан да даде за прв пат исказ за случајот против него. Засега единствени осомничени за оваа афера се Јовановски, Зоран Милески-Кичеец и поранешната специјална јава обвинителка, Катица Јанева.