Болниот син повторно ја запали куќата, на Психијатрија не ми го примаат: Петчлено смејство бара помош

ИЗВОРСкопје24
|

Петчлено семејство од струшко Мислешево живее само од плата од 16.000 денари. Две деца се болни, едното не го ни примаат в болница, а за другото лекувањето е прескапо, објави СДК.МК.

Порталот пишува дека Илче и неговата сопруга секојдневно се соочуваат со здравствените проблеми на најмалиот син кој поради, како што велат, психички пореметувања често е аг ресивен, а на двапати го запалил и нивниот дом.

„Куќата ја запали повторнo. За среќа брзо го изгаснавме пожарот, беше фатен само креветот и дел од покуќнината. До сега двапати нè запали. Го носев детето на Психијатрија, но не ми го примаа. Лекарот ми кажа да му давам таблети, но не се смирува. Агресивен е често, ни помагаат роднини. Треба институциите да преземат нешто. Ние не можеме повеќе да се справиме“, вели Илче.

Повеќе на СДК со клик ТУКА.