Борко Ристовски јавно за Перо Антиќ: „Не сакам Перо Антиќ утре да биде идол на мојот син, јавна тајна се работите кои тој ги прави“

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската ракометна легенда Борко Ристовски откако го потпиша договорот со РК „Вардар“ се стационираше во Скопје, каде што напорно тренира и ужива заедно со своето семејство. Доколку ги следите неговите профили на социјалните мрежи, сигурно сте ги забележале неговите објави, а впечатливи и забележителни се особено оние поврзани со екс – кошаркарот и некогашен македонски репрезентативец Перо Антиќ, сега претстедател на КФСМ.

Имено, Борко Ристовски неколку пати, јавно го прозва Перо Антиќ, а ТВ “магазинот од зад сцената – Бекстејџ“ реши да ја истражи причината за таквата прозивка. Ристовски пред ТВ објективот на камерата, искрен и отворен, без влакна на јазикот зборуваше за Антиќ.

„Ништо лично не се случува помеѓу мене и Перо Антиќ“ – ја започнува својата приказна Борко.

„Моите објави се во друга насока. Тој сепак е бивш спортист и човек кој треба да биде идол на многу дечиња кои треба да се угледаат на него, а тој некаде по пат ги изгуби тие човечки вредности. Можеби човекот се изгуби самиот себе си некаде, не знам, меѓутоа она што тој го преставува во овој момент, е цел на моите објави и моите критики. За жал, човекот прави се’, само не придонесува за кошарката и спортот и не е нејзин преставник и идол на кој децата ќе можат да се угледаат. Јас имам мало детенце, син, но не би сакал утре тој да има идоли како што е Перо Антиќ на пример и она што тој го преставува во моментов. За жал, реалната состојба е таа.

Мене ми е жал еден голем спортист да си дозволи да се доведе на ова ниво. Од успешениот и голем спортист, Перо Антиќ ова што е сега, не е ниту бледа сенка“.

Интервјуто погледнете го во продолжение: