Бошкоски: На Инфективна клиника сум, се чувствувам одлично

ИЗВОРСкопје24
|

Лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на Фејсбук потврди дека е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но вели дека се чувствува добро.

„Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично. “, напиша Бошкоски.

Тој уште минатата недела изјави дека е заразен. Направил тест за проверка затоа што сакал да патува во Хрватска, но се покажало дека е заболен. Тогаш рече дека е во изолација во родното село Челопек во тетовско.

Тогаш тој кажа:

– Немам температира, не кашлам, за среќа вкусот го чувствувам, па си имам апетит, но кога ставив парфем, не го чувствував мирисот. А бидејки морам да бидам изолиран, а знам како е, нели „само“ 11 години бев изолиран, на блиските во Челопек, кои ми носат храна, им реков да ми купат пиперки и патлиџан, барем да направам зимница.

Овие денови направив околу 40 тегли ајвар, вчера испеков пиперки за лутеница и до вечер ќе биде готова, кажа пред само неколку дена Бошковски.