Брачен пар го остави своето бебе на шалтерот за пријавување на аеродромот во Тел Авив во Израел бидејќи за него немале билет.
Неименуваната двојка се пријавила со бебето на летот на Ryanair од меѓународниот аеродром Бен Гурион до Брисел, Белгија, пишува Си-ен-ен.
Се испоставило дека бебето нема билет, а парот продолжил да се качи на летот, оставајќи го своето дете на шалтерот за пријавување.
Случајот е проследен во полиција, изјави портпаролката на Ryanair за Си-ен-ен.
Таа тврдеше дека парот се пријавил за лет без резервација за нивното бебе, а потоа го оставиле бебето на шалтерот за пријавување и дека агентот за пријавување на аеродромот Бен Гурион го контактирал обезбедувањето на аеродромот.
Аеродромските власти го потврдија инцидентот и изјавија дека парот немал билет за бебето и дека исто така доцнеле на летот.
Двојката, наводно, го оставила бебето во корпа и истрчала кон безбедносната проверка во обид да стигне до капијата за да се качи на летот.
Портпаролот на израелската полиција изјави дека проблемот е решен до доаѓањето на полицијата на местото на настанот, а бебето било со неговите родители, пренесуваат медиумите.