Брачен советник открива: Кои се топ 3-те причини за развод?

ИЗВОРСкопје24
|

Рејчел Сасман е брачен советник од Њујорк, кој има огромно искуство во тоа зошто се разделуваат модерните парови.

Таа открива кои се топ причини за развод:

У*ирање на страста
Многу парови се загрижени дека повеќе не чувствуваат страст еден кон друг како некогаш, но Сузан ги советува дека тоа е сосема нормално.

Таа додава дека страста не треба да очекуваме дека ќе биде таму, туку треба да ја креираме. Дури и тоа да значи закажан однос и пробување на нешто ново, по договор.

„Спротивностите се привлекуваат“ не функционира на долг рок
Со текот на времето како да почнуваме да ги презираме работите кои се спротивни од нас. На пример, едниот партнер може да биде многу дружељубив и авантуристички настроен, додека другиот сака да седи дома пред телевизорот.

На почетокот тоа може да изгледа привлечно и партнерите да си воспоставуваат баланс, но со текот на времето луѓето сè помалку прават компромиси и застрануваат по својот пат, па така доаѓа до недоразбирања.

Frustrated Woman Sitting On Bed In Front Of Young Man

Не значи дека треба да се состанувате со копија на себеси, но не треба ниту со тотална спротивност, вели Сузан.