Бранислав Лечиќ: „Врз мене беше извршен атентат, обид за убиство, удар на моето семејство и кариера“ (ВИДЕО)

|

Бранислав Лечиќ научил во животот да чекори со отворени очи, трудејќи се колку што може да ги избегне стапиците, следејќи ги своите чувства, без бегање од вистината во било која смисла.

Неодамна, токму Бранислав Лечиќ беше пријавен дека ја силувал својата колешка Даниела, но за среќа, не се покрена никакво обвинение, бидејќи се испостави дека нема основа за такво нешто. Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Бранислав Лечиќ отворено зборува за тој период, но и линчот кој го преживеал.

Актер, режисер, професор, политичар, демократ, револуционер на своето време, но пред се’ човек со сите доблести и слабости, со сите негови успеси, но и погрешни чекори. Знае дека слободата на духот е најважна и дека животот може да го победите само ако го живеете сега и дека среќата е во нас самите, а не во она што се обидуваме да го достигнеме.

Погледнете го целото интервју во видеото во продолжение: