„Брат ми Бени после еден месец си го виде внукот“ – Нора раскажа за емотивната средба на Бени и Ијан

|

Поминаа веќе два месеци откако поранешната водителката и новинар Нора Шаќири на свет го донесе своето прво дете, синчето Ијан. Таа се породи во време на здравствената криза, па токму поради болеста, нејзиниот брат познатиот музичар Бени Шакири, не можел да си го види првиот внук.

Таа вчера сподели прва фотографија на која Бени и таа се со бебето и напиша „Ние. Љубови мои“.

На прашењето како музичарот реагираше кога го виде по еден месец внукот, Нора за „Репортер“ вели:

„Емоции. Тоа беше љубов на прв поглед. Неизмерна среќа која не се опишува, посебно што мојот брат не можеше еден месец да го види откако тој се роди“, вели Нора.

Ние ♥️ Љубови мои ♥️

Gepostet von Nora Sam Shakiri Markovic am Samstag, 27. Juni 2020

Имено Нора веќе неколку години е во брак со музичарот Марко Марковиќ и одвај го дочекаа раѓањето на своето прво дете кое толку многу го посакуваа.