Брестовац: Момците изгинаа на теренот

ИЗВОРскопје24
|

Македонија во драматичен финиш со гол на Лазаров во последната секунда дојде до победа од 26:25 над Украина.

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац е задоволен од победата, но вели дека младите ракометари треба повеќе да превземаат одговорност, а не да бегаат од неа.

Македонија можеше да влезе во мирна завршница затоа што во неколку наврати водството достигнуваше и до пет голови, но репрезентацијата на Украина се враќаше во натпреварот и стигна на чекор до реми во последната минута.

“Малку закочивме во комбинаторика, мораше Кире на крај да решава, младите играчи треба да повлечат, во одбраната останавме малку кршливи но момците изгинаа на терен, постигнавме победа и тоа е“ – изјави селекторот Данило Брестовац.

“Важно е дека ги освоивме двата бода. Имавме шанса да го доведеме натпреварот до мирен крај но неколкуте технички грешки им дозволија да ни се приближат“- изјави по натпреварот Дејан Манасков.

„Па не може да биде поубаво од тоа да започнете големо натрпреварување со победа. Кире ја презеде одговорноста на крај да го постигне последниот гол. Мораме на следните наптревари да ја поправиме играта и да не дозволиме такви падови“ – изјави Талески.

Капитенот беше и најдобар стрелец на натпреварот со седум голови.

„Некако оваа година ми оди во последните секунди. Некако во последните напади играчите избегнуваа одговорност и тоа се виде. Мислеам дека треба да научиме од овој натрпевар дека нема што да изгубиме, ова е спорт и мораме да играме“ – оцени капитенот Кирил Лазаров по завршувањто на првиот дуел со Украина.

Следниот противник на Македонија е Чешка, во недела – натпреварот е во 16 часот.