Бродот „Титаник“ полека исчезнува

ИЗВОРскопје24
|

Прв пат во последните 14 години, е организирана по детална нуркачка мисија за потонатиот брод „Титаник“, кој што повеќе од 100 години лежи на дното на Атлантикот.

Нуркачите кои што имале пет нурнувања на нуркачката мисијата на длабочина од 3.800 метри каде што лежи „непотопливиот брод“ ( како што своевремено градителите на „Титаник“ го нарекувале), потврдиле дека поради големите океански струи, корозијата од сол и бактерии кои предизвикуваат распаѓање на железото, потонатиот „Титатник“ полека исчезнува.

Најголемото распаѓање е забележано на страната каде се наоѓале офицерските кабини.

-„ Кадата за капење на капетанот која што јасно се гледаше во потонатиот брод и која што беше најдрага слика помеѓу ентузијастите, сега повќе ја нема“. – изјави историчарот Паркс Стефенсон специјализиран за бродот „Титаник“.

За време на нуркањето, истражувачите откриле дека многу суштествата се населиле на остатоците од бродот, што само по себе е многу интересно, бидејќи станува збор за црна длабочина каде температурите се во точка на замрзнување и абнормален притисок, во кој животот напредува и покрај тоа.
– „На остатоците се наоѓаат микроби кои што се хранант од железото следејќи ја неговата иницијална структура… Веруваме дека тоа е најголемито фактор за распаѓањето на „Титаник“- изјави истражувачот.

Тие сега проучуваат како различни типови метали се еродираат во длабоките атлантски води, за да проценат колку време им е преостанато на остатоците од „Титаник“, предупредувајќи дека може потполно да исчезне со текот на времето.

„Титаник“ повќе од 100 години се наоѓа на днотот на Атланиткот, тој е одалечен околу 600 километри од брегот Њуфундленд во Канада. „Титаник“ потонува на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк во 1912 година, несреќата се случува поради удар во санта мраз. На најголемито патнички брод во тоа време патувале околу 2200 луѓе, од нив животот го загубле
1500.

Локалитетот каде што потона „Титаник“ откриен е во 1985 година, а една година подоцна организирана е и првата мисија за нуркање. Во 1995 година, филмскиот режисер Џејмс Камерон се нурна на потонатиот брод и овие снимки потоа беа користени во неговиот филм „Титаник“, кој беше награден со 11 Оскари во 1998 година (а беше номиниран во 14 категории).