Холивудскиот актер Брус Вилис, кому претходно оваа година му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД), го прослави својот 68 роденден опкружен со семејство, расположен, со песна и торта.
На видеото кое го објави неговата ќерка Румер, Брус Вилис може да се види опкружен со своите деца и со поранешната и сегашната сопруга додека пее роденденска песна и ги дува свеќичките на роденденската торта, пишува Sky News.
Поранешната сопруга на Брус Вилис, познатата актерка Деми Мур (60), до својата објава на Инстаграм напиша: „Среќен роденден Б.В., драго ми е што денеска можевме да го прославиме заедно.
Сегашната сопруга на Вилис, Ема Хеминг, како и Мур, изјавија дека сакаат да ја подигнат свеста за деменцијата, која останува неизлечива.
Минатиот март беше објавено дека Вилис има афазија, односно проблеми со зборувањето и разбирањето на изговореното, што е чест симптом на голем број невролошки заболувања.
Подоцна беше утврдено дека актерот боледува од фронтотемпорална деменција.
„Денес нема лек за оваа болест, но се надеваме дека тоа може да се промени во наредните години. Како што болеста напредува, се надеваме дека вниманието на медиумите ќе биде насочено кон разјаснување на оваа болест, која треба подобро да се разбере, како и на истражување“, рече семејството.