Брутална тепачка во кафеана помеѓу две колешки во Скопје, уште една помеѓу две групи и истепан малолетник од хигиеничар во училиште

loading...

На 16.04.2018 година во 00.10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.  „Христо Татарчев“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата Б.Ј.Т.(46) и К.Г.(22).

Тие имале несогласување околу секојдневното работење во угостителскиот објект и почнале да се влечат за коса и меѓусебно да се буткаат, при што К.Г. се здобила со видливи повреди.

По целосното документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

A, пак во 19.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, С.С.(58) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19.00 часот во угостителски објект на ул. „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од страна на S.М.(52). Тој го удирал со тупаница во пределот на вратот од што се здобил со видливи повреди. По целосно документирање на настанот, против Ѕ.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.04.2018 година било  пријавено дека околу 18.00 часот на бул. „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две групи.

Со брза интервенција на полициски службеници двете групи биле разделени. Во врска со настанот во полициска станица биле приведени лицата А.А. (19), Ќ.И. (22), Ј.О. (21) и Е.З. (17), сите од Скопје.

По целосно докуметирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени оодветни поднесоци.

На 14.04.2018 година во 15.30 часот во Полициската станица Битола, 14-годишник од Битола заедно со негов родител пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот физички бил нападнат од хигиеничар во училиштето „Коле Канински“ во Битола.

Додека чекал наставник, малолетникот случајно турнал лименка од прозорецот. Во тој момент хигиеничарот Ј.Т. почнал да му вика, барајќи да ја фрли лименката во ѓубрето.

Откако не го послушал, хигиеничарот најпрвин го турнал по скалите, по што го удирал по лицето.

Малолетникот се здобил со повреди и отишол во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош, а го известил и родителот за настанот.

Подоцна, настанот бил пријавен и од директорот за училиштето.

На 16.04.2018 година околу 01.00 часот на автопатот Тетово-Скопје, во близина на клучката за Желино, дошло до судир помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки таблици, кој без положен возачки испит го управувал С.И. (25) од с. Рогле, тетовско и патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И. (51) од с. Грчец, скопско. Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот, кој со истото возило бил пренесен и задржан во тетовската клиничка болница. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

На 15.04.2018 година околу 16.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с.Долно Количани Е.Т.(27) физички нападнал две лица на возраст од 16 години. Тој ги удирал со раце во пределот на лицето и главата, при што им нанел видливи повреди. По целосното документирање на настанот, против Е.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.04.2018 година П.Ќ. (49) од Скопје пријавила дека истиот ден во 16.10 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември” во Скопје нејзиниот 16 годишен син бил физички нападнат од непознат сторител. Тој го удрил со рака во пределот на лицето нанесувајќи му видливи повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

На 15.04.2018 година Д.Б. (31) од Скопје пријавил дека истиот ден во 17.40 часот на улица „Кеј 13ти Ноември” бил физички нападнат од непознат сторител, кој го удрил со рака во пределот на телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.