Брз десерт: Вкусни кокос колачи со кои ќе ги воодушевите гостите

ИЗВОРСкопје24
|

Направете колачи со кокос.

СОСТОЈКИ: 50 мл. вода, 200 гр. шеќер, 200 гр. млеко во прав, 125 гр. маргарин, 50 гр. бело чоколадо, 100 гр. кокос, 50 гр. бело чоколадо за горе, 2 лажици млеко

ПОДГОТОВКА: Се мешаат вода со шеќер на оган и се остава да врие три минути, па се додава маргарин и се меша да се стопи. Се става и белото чоколадо и се трга од рингла, со мешање за да се стопи убаво. Се става млеко во прав и се мати со миксер две минути. Се додава кокос, се меша. Се става во калап за триаголници и се стега, или пак во облик по желба, може и топчиња. Се става потоа горе глазура од бело чоколадо растопено со млеко. Се лади и служи.


Добар апетит!