Брз и вкусен ручек: Мусака со пилешко месо и прелив од јогурт

ИЗВОРСкопје24
|

Подгответе вкусен и неодолив викенд ручек.

Состојки: 500 гр пилешко месо, 1 главица кромид, масло за јадење,сол,црн бибер,мешан зачин, 500 гр компири
Прелив: 2 јајца, 200 мл јогурт, 2 лажици брашно, сол, мелен црн бибер

Подготовка: Пилешкото месо се сеше на коцки. Главицата кромид ситно ја сецкаме и ја пржиме на загреано масло се додека кромидот стане стаклест. Го доадаваме пилешкото месо и се заедно пржиме неколку минути и потоа налеваме 200 мл вода. Оставаме да се динста. Компирите ги сецкаме на тркалца и ги додаваме кај месото.
Прженото месо го ставаме во тава за печење го покриваме со алуминиумска фолија и печеме во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути.

Преливот го правиме така што ги матиме јајцата, го додаваме јогуртот и брашното и на крај зачинуваме според вкусот.
Мусаката после половина час ја вадиме од рерна ја полеваме со преливот и отворена ја печеме уште десетина минути.
Ја послужуваме топла, со салата.

Добар апетит!