БРЗ РУЧЕК: Сочни лазањи од палачинки

ИЗВОРСкопје24
|

Ако немате тестенини за вистински лазањи, а сакате да подготвите брз ручек во 4 чекори, следете го ова упатство за брзи лазањи од палачинки.

Состојки за палачинките: 500 мл млеко, 1-2 јајца, брашно, масло и малку сол

За фил: 100 гр. суви колбасици, 50 гр сув врат, 1 лажица брашно, 300 мл млеко, 1 чешне лук, масло, сол, бибер, оригано, босилок, ловоров лист, моцарела

Подготовка: Изматете ги јајцата, млекото, брашното, малку масло и сол. Направете ретко тесто за палачинки и испечете ги. Колбасиците и вратот исечете ги на ситни коцки и испржете ги во тава. Во истото тавче на масло, пропржете лажица брашно и додајте го изгмечениот лук па добро изматете да нема грутки. Тргнете ги од шпорет и додадете ги зачините и испржените колбасици и сето тоа заедно измешајте го.

Во мал плех кој предходно сте го обложиле со хартија за печење, на дното ставете една палачинка и две лажици од филот, потоа палачинка па пак све лажици од филмот. Повторувајте додека не ви се потрошат. На крајот ставете палачинка одозгора, малку од филот и изрендајте моцарела. Печете на 200 степени целзјусови околу 30 минути. Послужете го топло.

Добар апетит!