„Брза кујна“ доби нова водителка, убавата Сања откри детали од нејзиниот приватен живот

ИЗВОРСкопје24
|

Новата водителка Сања Савеска која дојде на местото на Александра Илиевска заедно со готвачите секојдневно подготуваат нови специјалитети. За приватниот живот на Сања се знае многу малку, со оглед на тоа што таа на социјалните мрежи објавува фотографии од студиото и ангажманите кои ги има на професионален план. Овој пат, водителката откри детали од приватниот живот, односно како го минува слободното време.

„Секој слободен момент го користам да бидам со мојот партнер Томи кој е моја поддршка во се’ што работам. Сакаме многу да шетаме во природа, но и да се возиме на мотор. Во старата реалност сакавме да посетуваме концерти и театарски претстави. Секогаш покрај себе имам добра книга, а голем дел од слободното време го поминувам со моите внуци Матеја и Михаил од кои ја добивам најчистата љубов и енергија“, изјави Савеска за „Слободен печат“.