Бугарите си ги присвоија Кирил и Методиј: Бугарското собрание ја прогласи кирилицата за чисто бугарска азбука

ИЗВОРСкопје24
|

Бугарското Собрание денеска го преименува празникот 24 мај – наместо на сесловенската, отсега ќе биде Ден на бугарската писменост, просвета и култура, со што ги прогласија Кирил и Методиј за Бугари. Овој предлог дојде од партијата на Красимир Каракачанов со мнозинство гласови поддржано од партијата на Борисов, односно со 73 пратеници за, 4 против и 34 воздржани го усвоија во собранието.

Во образложението на предлогот, се наведува дека станува збор за сосема природна и логична историска промена, и дека во истовреме претставува и начин да се отпочне процес на признавање на кирилицата на ниво на Европската Унија како бугарска азбука.

Како што наведуваат тие празникот 24 мај е „најбугарски“ празник, а досегашниот термин празник на се словенската писменост, бил истуркан од Комунистичката партија на Бугарија од пред 30 години.

„Без сомневање за нас тој празник е најважен во моментов. Не случајно 30 години по усвојувањето на бугарскиот устав се води дебата дали национален празник на бугарија е 3 март или 24 мај. Тој ден е празнуван како празник на бугарската писменост. Ги поддржуваме Патриотите дека тој празник изникнал од Бугарија“, изјави пратеникот на ГЕРБ Тома Биков.

Ова е само дел од новата провокација од Бугарија по Меморандумот до ЕУ и по барањето да се откажеме од македонскиот револуционер Гоце Делчев.