Без вода денес делови од овие општини во Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Без вода денеска од 8.30 часот ќе бидат корисниците на дел од ул. „Среќко Пужалка“ и населба Камник во општина Гази Баба.

ЈП Водовод и канализација-Скопје информира дека прекинот на водоснабдувањето е поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на ул. „Товарник“ бр.1 и ќе трае до завршување на зафатот.

Од јавното оретпријатие „Водовод и каналзиација“ известуваат дека денеска, поради промена на водоводени затварачи на булевар „Борис Трајковски“ (до црквата кај општината), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Ѓорѓи Сугаре“ и „Петар Дељан“ , како и дел од корисниците од булевар „Борис Трајковски“. Прекинот ќе биде од 09:00 часот до завршување.