Цеца ќе ја замени Карлеуша во Ѕвездите на Гранд – Ќе биде најплатена во жирито

|

Ривалството помеѓу Цеца и Карлеуша опстојува со години наназад а често знаеме да ги видоме и во судницата поради нивни изјави или меѓусебни обвиненија, но сега изгледа ова ривалство ќе се зголеми уште повеќе.

Имено, обожавателите на Јелена Карлеуша, се разочараа поради информацијата за заминувањето на пејачката од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, па својот гнев го искажуваат на социјалните мрежи, каде што, пак, поддржувачите на Цеца Ражнатовиќ, која ќе седне на нејзиното место во жири-комисијата, се радуваат и се сладат.

Имено, според српските медиуми на Цеца Ражнатовиќ ќе ѝ бидат исплатени неверојатни 200.000 евра за една сезона доколку ја замени Јелена Карлеуша во ТВ-шоуто, со што таа ќе биде најплатена од сите во жирито.

“Ми беше понудена одлична понуда заради заемната добра волја да се подигне музичкиот натпревар на уште повисоко ниво и дополнително да се популаризира. На тој начин, со заеднички сили и искуство, ќе формираме нови лица на музичката сцена. Преговорите траеја извесно време. Ги конкретизиравме дури вчера. Не сакав да зборувам јавно за тоа додека го потпишеме договорот, штом тоа се заврши, продукцијата излезе со својата објава. Имам искуство со натпревари, како прв, сама сум учествувала на нив и се борев за првите места, а повеќе години бев дел од ‘Ѕвездите на Пинк’. Да бидам искрена, имам одлични спомени од тоа натпреварување“, изјави Цеца.