Цеца објави фотографија со Аркан од младоста: Сите погледи вперени во пејачката

ИЗВОРСкопје24
|

Цеца Ражњатовиќ познато е дека живее заедно со својата ќерка, синот Вељко, снаата Богдана и внукот Жељко. Таа инаку и внукот го крсти по својот сопруг кој не е повеќе помеѓу нив, па периодов се повеќе и се навраќаат сеќавањата на едни убави времиња, кога тие двајца беа заедно.

Фолк пејачката не сака да започне нов живот со нов партнер, па веќе со години таа е потполно сама на љубовно поле, дека нејзината љубов кон Аркан била искрена говорат фотографиите кои таа често знае да ги објави на социјалните мрежи, една од нив е кога тие двајца беа во цутот на младоста, па за таа прилика Цеца облекла црн проѕирен фустан, кој мора да признаеме дека одлично и прилега.