Цеца пееше на свадба на познат скопски бизнисмен – погледнете дел од атмосферата

|

Скопскиот бизнисмен Владимир Стајиќ викендов со неговата избраничка Јулија, го кажаа судбоносното да. Свадбената прослава се одржа во хотелот Мериот во Скопје, а меѓу присутните беа доајенот на македонската народна песна Ефто Пупиновски и балканските ѕвезди Ацо Пејовиќ, Цеца и Аца Лукас. Нашата Тамара Тодевска со Пејовиќ го изведоа дуетото „Поноч“ од автобиографскиот филм за Тома Здравковиќ.

Свадбената церемонија беше проследена со сите македонски обичаи, а младите во Соборниот храм Св.Климент Охридски ги венча поглаварот на МПЦ г.г.Стефан. Кума во црква на Владимир и Јулија беше Ана Камчева, а старосватица Дина Смилковска, другарка од детство на невестата. Во матично, кум беше Стефан Стефановски, другар од детство на Владимир.

Извор: Убавина и здравје