Цеца се откажа од прославата на роденденот – ова е вистинската причина

|

Светлана Цеца Ражнатовиќ во последен момент одлучи дека годинава нема да го слави роденденот, 50-годишниот јубилеј.

Иако со месеци ја подготвуваше роденденската прослава во еден познат белградски хотел со помош на нејзината сестра и најблиските пријатели, Цеца тоа го стопирала поради се што и се случило на нејзината ќерка Анастасија која се уште се опоравува од загубата на своето бебе. Додека младата пејачка тагува, нејзината мајка смета дека не е време за голема прослава.

14-тијуни, денот на нејзиното раѓање, Цеца ќе го помине во својата вила, опкружена со најблиските.

Да потсетиме, својот трет роденден неодамна го прослави и првиот внук на Цеца, Жељко, но поради ситуацијата со Анастасија, Ражнатовиќ немаа голема прослава, туку роденденот го прославија во кругот на семејството во Тител.