Цеца во кавга со Босанац: Ако си добар продуцент зошто од ќерка ти не направи ѕвезда?

ИЗВОРСкопје24
|

Во синоќешната емисија на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ дојдо до конфликт помеѓу Цеца Ражњатовиќ и Драган Стојковиќ Босанац.

Имено, Цеца одби да биде во трка за ментор на натпреварувачката Сања, заедно со Бекута, Босанац, Вики и продукцијата.

– Мене девојката ми беше одлична. Посебно првата песна, во втората немаше Бог знае што да се пее, рече Босанац и така ја „допре“ Цеца која ја пее оваа песна во оригинал, како и Мили, нејзиниот творец.

– Ти рече дека нема тука што да се пее – му замери Ражнатовиќ, а и Мили негодуваше, објаснувајќи дека има височини во песната кои тешко се пеат.

После ова, започна отворена кавга меѓу Цеца и Босанац. Босанац ја навреди Цеца кога рече дека Марија Шерифовиќ била пејачиште, а Цеца само популарна пејачка.

– На пример, Марија е пејачиште, а Цеца е популарна пејачка – додаде тој.

После ова Цеца му возврати на Босанац, па ја вмеша и ќерката негова:

– Значи, кога си толку добар продуцент, зошто твојата ќерка не ја направи ѕвезда?, го праша таа.

На ова Босанац реагираше и рече дека неговата ќерка немала „соодветен спонзор“.

– Мојата ќерка немаше соодветен спонзор и моментално завршува факултет, објасни Драган, додека другите во студиото молчеа и внимателно слушаа.

Во кавгата повремено во одбрана на Цеца се вклучуваше и нејзината кумашинка Вики Миљковиќ, која го обвини Босанац за дојава, односно дека претходно бил договорен со кандидатката дека ќе и биде ментор.