Цел живот ушите ги чистиме на погрешен начин: Доктор открива како е најдобро да го отстраниме ушниот восок

|

Повеќето луѓе, според експертите, неправилно ги чистат ушите. Освен стапчиња, некои луѓе користат и други, често штетни методи, кои не даваат добри резултати. Лекарите објаснуваат дека најважно е да се омекне стврднатиот церумен во ушите.

Посочуваат дека тоа најлесно се постигнува со капнување масло, додека во потешки случаи помагаат шприц и мешавина од оцет и алк охол.

Американскиот педијатар д-р Дејвид Гил нагласува дека никогаш не треба нас илно да го отстранувате восокот од ушите, бидејќи за тоа има многу поефикасни методи, меѓу кои и користење на храна од кујната.

Доколку има големо количество на стврднат церумен во увото, многу е важно да го омекнете со масло, така што ќе потопите памук во масло и потоа ќе го ставите во увото без на силно да го туркате.

Потоа протресете ја главата, така што восокот ќе се движи кон надворешниот канал. Потоа почекајте две до три минути и ставете неколку капки масло во увото.

Ако ништо од ова не ви помага, тогаш измешајте оцет и медицински алк охол во сооднос еден спрема еден, а потоа исплакнете ги ушите со оваа смеса, користејќи шприц.