Цела Југославија го обожаваше малиот Миша од „Жикина династија“: Денеска има 45 години и еве како изгледа (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Актерот Михајло Јевтиќ на многумина им остана во сеќавање како момчето Миша Павловиќ во култниот филм „Жикина династија“, во епизодата „Каков дедо, таков внук“.

Кога го играше симпатичниот Миша, Михајло имаше само пет години, а сцените каде е рамо до рамо со легендарниот Драгомир Бојаниќ Гидра, станаа култни.

По „Жикина династија“ тој играше уште во неколку други филмови, меѓу кои се: „Сиви дом“ и „Вук Караџиќ“, како и во неколку претстави во белградскиот театар, меѓутоа култниот филм му го одбележа неговиот живот.

Сепак, Михајло не остана во актерските води, иако многумина му предвидуваа сјајна кариера.

Денеска Михајло има 45 години и нема никаква врска со глумата. Се занимава со музика, дизајн и изработка на веб-апликации и интернет портали, а од тоа заработува многу повеќе отколку што би заработувал како актер.

Многумина денеска не би го препознале…

„Жикина династија“ и денеска е честопати се репризира и со задоволство се гледа. Иако улогата на Миша ја играа тројца момчиња, првиот беше Михајло Јевтиќ. По него, во оваа улога се најдоа и Борис Миљвојевиќ и Никола Којо.

Една од највпечатливите сцени од филмот е кога малиот Миша ја рецитира песната од Жак Превер – „Башта“, а како тоа изгледало, погледнете во продолжение…

А, еве уште неколку легендарни сцени: